Паки од Зад Аголот и Модернизам и Ренесанса повторно заедно во РеТрн ДУО

Наши денешни гости се Паки од Зад Аголот и Модернизам и Ренесанса, познати и како Стојановски brothers – или едноставно, дуото кумови што публиката првпат ги запозна во „Фчерашни Новости“, а денес, по речиси осум години, повторно се заедно во РеТрн ДУО.

Едниот – безмилосрден рап поет кој музиката ја носи со себе од раѓање и секогаш е подготвен за шоу.
Другиот – природен, небесно креативен и со препознатлив монти-пајтонски апсурден хумор, денес и стенд-ап комичар кој оваа среда можете да го гледате во Паблик Рум со најновиот стенд-ап „На лагата…“.

Во најновото интро на епизодата ќе видите дел од нивните култни ликови, добро познати на фановите, но и нови карактери што за првпат ги носат во РеТрн ДУО – заедно со нашиот Дениз Абдула.

Во разговорот, тие одговараат и на нашите прашања:

  • Кога започнала нивната дружба?
  • Што би сакале повеќе да работат во иднина?
  • Што следно може да очекува публиката од нив?

Хумор, музика и урбана енергија и епизода која нема да ве остви НОРМАЛЛЛ – не ја пропуштајте новата епизода на РеТрн ДУО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни