Пакетот на мерки на ЕУ против САД вреден 93 милијарди евра останува во мирување

Европската комисија денес најави дека ќе предложи ново шестмесечно одложување на европскиот пакет реципрочни трговски мерки против Соединетите Американски Држави, вреден 93 милијарди евра, кој требаше да стапи на сила на 7 февруари. Пакетот, подготвен во првата половина на минатата година за време на преговорите за трговски договор со Вашингтон, веќе еднаш беше суспендиран на шест месеци откако двете страни постигнаа договор во август 2025 година.

Последните закани на американскиот претседател Доналд Трамп, кога најави нови царини за европските земји кои ја поддржаа Данска против неговата намера да стекне Гренланд, го претворија овој пакет во корисен инструмент за ЕУ. Како што истакна портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, „со отстранувањето на заканата од САД сега можеме да се фокусираме на важната работа за имплементација на заедничкиот договор помеѓу ЕУ и САД“.

Извршното тело на ЕУ наскоро ќе даде предлог за продолжување на суспензијата на овие мерки, кои би требало да стапат на сила на 7 февруари, за дополнителни шест месеци. Портпаролот потенцираше дека мерките ќе останат суспендирани, но ако во иднина се покаже потреба, ЕУ има можност да ги активира кога било.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни