„Паднаа“ Snapchat, Amazon, Fortnite, Roblox и други популарни платформи

Snapchat, Amazon, Fortnite, Roblox и Perplexity престанаа со работа утрово поради проблеми со Amazon Web Services (AWS), главниот облачен провајдер кој поддржува голем дел од интернетот.

Многу од најпопуларните светски апликации и интернет-страници одеднаш престанаа да функционираат – меѓу нив се Snapchat, Roblox, Fortnite, Perplexity и Canva – според податоците од веб-страницата Downdetector.

Проблемите започнале околу 9 часот наутро по хрватско време, односно на полноќ по пацифичко време.

Како што јавува британскиот Independent, изгледа дека падот е поврзан со потешкотии во функционирањето на Amazon Web Services (AWS) – облачната услуга која обезбедува инфраструктура за голем дел од модерниот интернет.

„Зголемена стапка на грешки“

Од компанијата Amazon наведуваат дека забележале „зголемена стапка на грешки“ и доцнења кај „повеќе AWS услуги“, според нивната страница за статус на услуги.

Amazon Web Services нуди низа интернет инфраструктурни услуги што им овозможуваат на компании да изнајмат компјутери и сервери за функционирање на нивните апликации и веб-страници. Поради тоа, секој проблем со AWS брзо може да влијае на голем дел од интернетот, вклучувајќи страници и платформи кои на прв поглед немаат очигледна поврзаност со Amazon.

AWS е во моментов најпопуларен снабдувач на cloud (облачни) услуги во светот. Минатата година оствари приход од 108 милијарди долари, што е околу 92,6 милијарди евра, и претставува најпрофитабилниот сегмент на компанијата Amazon.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни