Падна седмицата на лото вредна над 109 милиони денари, три и пол пати поголема од претходната

Во вечерашното извлекување на лотото, падна најголемата премија во Македонија вредна над 109 милиони денари или околу 1,7 милиони евра.

Ова е најголемиот џек-пот во историјата на Државната лотарија на Македонија. Добитната комбинација беше составена од бројките 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и била уплатена во Охрид.

Претходната добивка на лото беше речиси три и пол пати помала и изнесуваше скоро 33 милиони денари и падна во ноември 2022 година, додека претходната најголема добивка е забележана во 2021 година со вредност од над 41 милиони денари.

Во 2022 година се зголеми и цената за уплата на лото-комбинација во земјава од 20 на 30 години, поради што се очекува џек-потот и во иднина да достигнува повисоки суми.

Од следното коло, џек-потот за „седмица“ изнесува 10 милиони денари, сума гарантирана од Државна лотарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни