Падна одлука: Евровизија ќе се одржи во Базел на 17 мај

Базел е градот кој е избран да биде домаќин на 69. издание на изборот за песна на Евровизија. Одлуката е донесена денес, а покрај Базел како кандидат за домаќин била и Женева.
Фото: Wikimedia Commons/Arkland

„ЕБУ е воодушевена што Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година. Натпреварувањето е родена во Швајцарија, во Лугано во 1956 година и убаво е да се вратиме по речиси 70 години“ изјави Мартин Остердал.

Базел е трет град по број на жители во Швајцарија и втор по големина на пошироко градско подрачје.

Финалето на Евровизија идната година ќе се одржи на 17 мај, додека полуфиналните вечери ќе бидат на 13 и 15 мај.

Евросонг се одржува во Швајцарија по победата на Немо на овогодинешната манисфестација, која се одржа во Шведска. Тој победи со песната The Code.

Сепак, конзервативните групи од Швајцарија се против одржувањето на Евровизија во нивната држава. Христијанско-конзервативната швајцарска федерална демократска унија, најави уште во средината на јули дека ќе распишат референдум за тоа дали јавни средства може да се користат за одржување на натпреварувањето во градовите кои се пријавиле за домаќини.

Тие се мала политичка партија, но нивните повици на референдуми во некои кантони ги поддржува и десничарската Швајцарска народна партија, како и Здружението на швајцарски даночни обврзници.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни