Падна договор: Флоријан Вирц оди во Ливерпул за рекордни 136,6 милиони евра

Ливерпул ќе му плати на Баер основни 117,5 милиони евра како обештетување и дополнителни 18,8 милиони во бонуси

По долги преговори, Ливерпул и Баер Леверкузен конечно го договорија трансферот на младиот и талентиран Флоријан Вирц.

Германскиот и англискиот клуб го потпишаа најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, вреден 136,3 милиони евра, според англиските и повеќето европски медиуми и фудбалски инсајдери.

Договорот, исто така велат, е дефинитивно склучен, и сè што останува е двата клуба да го официјализираат договорот.

Ливерпул ќе му плати на Баер основни 117,5 милиони евра како обештетување и дополнителни 18,8 милиони во бонуси, па Вирц ќе може слободно да потпише петгодишен договор со „црвените“.

Вредноста на овој трансфер го надмина претходниот најголем во историјата на Премиер лигата, оној на Мојсес Кајсед од Брајтон во Челзи за 133 милиони евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни