Падна дел од фасада во Карпош – за среќа, нема повредени

Дел од фасада се урна денеска од зграда во скопската населба Карпош, во близина на улицата „Јуриј Гагарин“. Според првичните информации, се работи за десеткатница лоцирана во населбата Козле.

Инцидентот за среќа помина без повредени лица, бидејќи во моментот под објектот немало минувачи.

Надлежните служби веднаш реагираа – инспекциски екипи излегоа на терен и започнаа со увид и проценка на безбедноста на објектот.

Во тек е утврдување на причините за падот на фасадата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни