Вредноста на Биткоинот денеска забележа пад и на најголемата светска криптоберза Binance се тргуваше околу 59.378 евра, што е намалување од 1,14 проценти. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува околу 20 милијарди евра, што е помалку во споредба со претходниот ден.
Индексот на страв и алчност за биткоинот падна на ниво 11, што спаѓа во категоријата „екстремен страв“, дополнително сигнализирајќи претпазливост кај инвеститорите.
Според CoinDesk, институционалните инвеститори стануваат сè повнимателни поради геополитичката неизвесност, проблемите со ликвидноста и растот на цените на нафтата.
Пад бележат и другите големи криптовалути Ethereum се намали за 2,66% на околу 1.805 евра, BNB падна за 1,07% на 517 евра, Solana загуби 4,1% и се тргува околу 68 евра и Avalanche падна за речиси 8%.
Исклучок е Toncoin, кој порасна за 2,09% и достигна вредност од околу 1,06 евра. И покрај падот, најголем интерес за тргување и натаму има кај биткоинот, етереумот и соланата.