Пад на француската влада – Премиерот Лекорни поднесе оставка неколку часа по формирањето кабинет

Францускиот премиер Себастијен Лекорни поднесе оставка само неколку часа по именувањето на министрите. Франција повторно во политичка криза додека Макрон се соочува со силен притисок од десницата и левицата.

Францускиот премиер Себастијен Лекорни (Sébastien Lecornu) и неговата влада поднесоа оставка во понеделник.

Ова се случи само неколку часа откако шефот на владата ги именуваше членовите на својот кабинет, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон (Emmanuel Macron).

Во соопштението се наведува дека претседателот Макрон ја прифатил оставката.

Макрон го именуваше Лекорни за премиер на 9 септември, со што тој стана негов петти премиер во период од две години.

Лекорни од 2022 година ја извршуваше функцијата министер за вооружени сили, пред да биде повикан да ја преземе премиерската функција.

Оставката доаѓа во момент кога екстремистички партии продолжуваат да вршат притисок врз политичкиот естаблишмент во Франција.

Претседателот Макрон се соочува со политичка криза откако минатото лето распиша, како што се покажа, непромислени вонредни избори.

Неговиот центристички блок изгуби десетици места во парламентот поради порастот на поддршката за крајната десница.

Иако левичарската коалиција на крајот освои најмногу гласови, ниту една партија не е блиску до апсолутно мнозинство во францускиот парламент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни