Паѓа бројот на дизел возила, а расте бројот на електрични и хибридни автомобили

До крајот на првиот квартал од 2025 година, регистрацијата на бензински автомобили паднала за 20,6%. Најголемиот пад е забележан во Франција (34,1%), потоа Германија (26,6%), Италија (15,8%) и Шпанија (9,5%).

Три од четирите најголеми пазари во ЕУ, кои сочинуваат 63 проценти од сите регистрации на електрични автомобили, забележале силен раст – Германија 38,9 отсто, Белгија 29,9 отсто и Холандија 7,9 отсто.

Пазарот на дизел возила опаднал за 27,1 отсто, а бензинските автомобили за 20,6 отсто.

И покрај глобалната криза и сериозните проблеми поради американските царини кои ги погодуваат европските и светските автомобилски пазари, продажбата на нови електрични возила во првиот квартал од 2025 година пораснала за 23,9 отсто, достигнувајќи 412.997 продадени возила и пазарен удел од 15,2 отсто во ЕУ.

Овој силен раст е забележан во три од четирите водечки пазари – Германија (38,9%), Белгија (29,9%) и Холандија (7,9%). За разлика од нив, Франција бележи пад од 6,6%, покажуваат најновите податоци на Асоцијацијата на производители на автомобили на Европа (ACEA).

Во Обединетото Кралство растот на продажбата на електрични возила достигнал дури 42,6%, со 120.191 продадено електрично возило. Во земјите од ЕФТА, електричните возила стануваат секојдневие: Исланд бележи пораст од неверојатни 128,7% (956 возила), Норвешка 47% (28.623), а Швајцарија +3,0% (10.733).

Вкупно, во Европа во првиот квартал на 2025 година се продадени 573.500 електрични возила – што е раст од 28,1%.

Во истиот период, регистрацијата на хибридни автомобили во ЕУ пораснала за 20,7%, благодарение на значителниот раст на четирите најголеми пазари: Франција (47,5%), Шпанија (36,6%), Италија (15,3%) и Германија (10,5%). Ова довело до 964.108 регистрирани хибридни возила во првиот квартал, што претставува пазарен удел од 35,5% во ЕУ.

Регистрациите на plug-in хибриди пораснале за 1,1% – главно поради силен раст во Германија (41,8%) и Шпанија (30,7%). Со тоа, plug-in хибридите имаат удел од 7,6% на пазарот, во споредба со 7,4% лани.

До крајот на првиот квартал од 2025 година, регистрацијата на бензински автомобили паднала за 20,6%. Најголемиот пад е забележан во Франција (34,1%), потоа Германија (26,6%), Италија (15,8%) и Шпанија (9,5%).

Со 779.817 регистрирани нови бензински автомобили, пазарниот удел паднал на 28,7%, од 35,5% во истиот период минатата година.

Слична е состојбата и со дизел возилата – пазарот паднал за 27,1%, со 258.728 продадени дизел автомобили (наспроти 354.755 во истиот период минатата година), што резултира со пазарен удел од 9,5% во овој квартал, покажуваат податоците на Српската асоцијација на увозници на нови возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни