Пејачот на легендарниот хард рок бенд „Блек Сабат“ , Ози Озборн , кој неодамна почина на 76-годишна возраст, беше, благо речено, контроверзна личност.
Цел живот ги сакал автомобилите , иако немал вистинска среќа со нив, или поточно тие со него, објавува „Хак ривју“.
Ози не го положил возачкиот испит сè до 2009 година, кога имал 60 години, а за тоа му биле потребни 19 обиди за конечно да ја добие возачката дозвола .
Но, Ози не уживал долго во своето возачко искуство. Тој се откажал од возењето откако го удрил новото Ферари 458 Италија во 2010 година.
Несреќата немала сериозни последици, никој не бил сериозно повреден, но Ози одлучил дека е подобро да се премести на задното седиште на автомобилот.
Од таа несреќа Ози Озборн повеќе никогаш не возел.