Ози Озбрн стана дел од Куќата на славните на рокенролот

Рок легендата и поранешен фронтмен на Блек Сабат, Ози Озборн е примен како соло изведувач во Куќата на славните на рокенролот.
Фото: Focka/Flickr

75-годишниот „Принц на темнината од Бирмингем“ доби овации од 20.000 луѓе кои присуствуваа на церемонијата во Кливленд, Охајо, САД,.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене да бидам примен во Рокенрол Куќата на славните за мојата соло работа. Ви благодарам од се срце“, гласно рече Ози обидувајќи се да ги надмине громогласните овации откако актерот Џек Блек му ја врачи наградата.

Покрај Ози Озборн во Куќата на славните на рокенролот оваа година влегоа и и Шер, Мери Џеј Блајџ, Питер Фрамптон, групите Foreigner, Tribe Called Quest, Dave Matthews Band, Cool and the Gang, а постхумно беа наградени Џими Бафет, MC5, Алексис Корнер, Џон Мејал, Норман Витфилд и Биг Мама Торнтон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни