Шерон Озборн неодамна се појави на подкастот „The Magnificent Others With Billy Corgan“, за време на кој откри дека жали што не дозволила Ози да оди на аудиција за хит франшизата на Дизни.
„Сакате да ја знаете најголемата грешка што ја направив во кариерата на Ози?“ Шерон го прашала водителот на подкастот, пишува Hollywood Reporter. „Тој беше поканет на аудиција за улога во Пиратите од Карибите – и никому не кажав.“
„А ти рече не?“ ја праша Корган, на што Шерон одговори: „Реков не.“
Шерон потоа се присети дека Џони Деп му понудил улога во серијата на својот долгогодишен пријател, гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс, кој ја прифатил неговата понуда.
Во серијата Ричардс го играше капетанот Тиг, таткото на Џек Спароу, кој го играше Деп.
Корган потоа се пошегува дека Ози можеби сепак ќе добие улога во некој од поновите филмови. Имено, продуцентот Џери Брукхајмер минатата година потврди дека Дизни моментално развива нови филмови во кои се вклучени Пиратите од Карибите, како и продолжение во кое би можела да се појави Маргот Роби.