На свирката ќе настапат гитаристот Тони Ајоми, басистот Гизер Батлер и тапанарот Бил Вард – кој заедно со харизматичниот фронтмен Озборн беа пионери на хеви метал музиката во раните 1970-ти со хитови како што се „War Pigs“, „Paranoid“ и „Iron Man“.
Од нивниот последен заеднички настап во 2005 година, Блек Сабат свиреше на делумни собири, но никогаш во нивната оригинална постава.
Сопругата на Озборн, музички менаџер и ТВ-лице Шерон, рече дека додека другите членови на бендот би можеле да продолжат да снимаат и да настапуваат, но свирката на Блек Сабат во родното место на бендот сигурно ќе биде последниот настап на 76-годишникот Ози Озборн.
„За Ози во моментов, дефинитивно е: ‘Те сакам и добра ноќ’“, изјави таа за Ројтерс.
Озборн продуцираше нова музика во последниве години, вклучително и албум награден со Греми, но пејачот имаше помалку јавни настапи откако во 2020 година откри дека му била дијагностицирана Паркинсонова болест.
Заработката од шоуто, наречено „Враќање кон почетокот“, ќе биде донирана во добротворни цели, вклучително и за лекување на Паркинсонова болест, соопштија организаторите.
Блек Сабат ќе бидат хедлајнери на рок и хеви метал икони, вклучувајќи ги Metallica, Slayer, Pantera, Alice in Chains, Lamb Of God и Anthrax на настанот во Вила Парк.
Озборн, кој го напушти бендот во 1979 година поради проблеми со дрога и алкохол и продолжи со многу успешна соло кариера, во изјава му оддаде почит на својот роден град.
„Време е да се вратам на местото каде што сум роден“, рече Озборн. „Колку сум благословен што го правам тоа со помош на луѓето што ги сакам. Бирмингем е вистинскиот дом на металот“.
Шерон рече дека на нејзиниот сопруг му оди добро и дека е возбудена поради настапот. “Тоа го стимулира. Тој е многу, многу возбуден и многу благодарен што може да го направи тоа.”
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 14 февруари.