Овошје што го забрзува метаболизмот и помага за слабеење

Со доаѓањето на летото, посебно внимание се посветува на овошје што помага во регулирање на телесната тежина и подобрување на метаболизмот. Ендокринолозите издвојуваат неколку видови што можат да бидат корисни доколку се вклучат во избалансирана исхрана и здрав начин на живот.

Овошјето е клучен дел од здравата исхрана. Освен што е природно слатко и вкусно, содржи бројни витамини, минерали и растителни влакна. Со доаѓањето на летото, посебно внимание се посветува на овошје што помага во регулирање на телесната тежина и подобрување на метаболизмот. Ендокринолозите издвојуваат неколку видови што можат да бидат корисни доколку се вклучат во избалансирана исхрана и здрав начин на живот.

Грејпфрут

Овој цитрус со специфичен, горко-кисел вкус често се консумира како сок. Сепак, се препорачува да се јаде целиот плод поради растителните влакна. Грејпфрутот може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта, што ги намалува шансите за нагли скокови на гликозата. Исто така, како и другите цитруси, заситува и може да помогне во намалување на потребата за грицкање меѓу оброци.

Киви

Познато е по високиот процент на растителни влакна, што позитивно влијае на варењето. Исто така, содржи големо количество витамин Ц – споредливо со портокал и лимон. Некои истражувања покажуваат дека кивито може да помогне во разградувањето на мастите, па често се спомнува како корисна намирница при регулирање на телесната тежина.

Ананас

Ананасот е едно од најпопуларните овошја во летниот период. Содржи бромелаин – ензим што помага во разградување на протеините и го поттикнува варењето. Има и благ диуретски ефект, што може да помогне при исфрлање на вишок течности и токсини од телото. Освен тоа, неговата природна сладост го прави добра замена за засладени пијалаци и десерти.

Лубеница

Лубеницата е идеален сојузник за време на летните горештини – содржи повеќе од 90% вода и е нискокалорична. Благодарение на минералите и хидрирачките својства, одлична е за закрепнување по физичка активност. Исто така, помага во елиминацијата на токсини преку урината.

Јагоди

Јагодите се богати со влакна и имаат силен заситувачки ефект, што може да помогне во контрола на апетитот. Често се спомнуваат како овошје што го поттикнува метаболизмот.

Боровинки и калинки

Иако различни по вкус и текстура, боровинките и калинките имаат слично дејство. Двете се богати со антиоксиданси што помагаат во заштита на здравјето на клетките и го поддржуваат функционирањето на метаболизмот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни