Скоро и да не постои човек кој не е љубител на благо, некој повеќе некој помалку. Многу пати до сега сме слушнале за тоа дека белиот шеќер не е добар за здравјето, но сепак и понатаму го внесуваме во нашето тело преку разни видови на храна. Рафиниран шеќер се наоѓа во речиси сите намирници, од чоколадо и чипс до леб, житарки, па дури и таканаречени здрави пијалаци како популарните смути. Сепак нутриционистите посочуваат неколку видови на овошје со кои ќе ги задоволите апетитите за благо, а притоа нема да си наштетите на телото.
Јаболка
Најголем дел од шеќерот во јаболкото е фруктоза, т.н. овошен шеќер, кој за разлика од другите засладувачи, како што се гликозата или сахарозата, не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Друга предност на ова овошје е присуството на влакна кои помагаат во разградување на гликозата и со тоа и го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Зелените јаболка имаат значително помалку шеќер од црвените!
Манго и ананас
Тропското овошје е особено слатко, а мангото е лидер со дури 46 грама шеќер во едно овошје! Ананасот е само малку помалку сладок и важно е да се внимава во колкави количини се консумира. Комбинирањето на тропско овошје со протеини како грчкиот јогурт може да помогне бидејќи го забавува ослободувањето на шеќер во крвта.
Лубеница
Лубеницата е одличен начин да ги засладите топлите летни денови, бидејќи има малку јаглехидрати, па едно или две парчиња нема значително да го подигнат шеќерот во крвта.
Банана
Бананата можеби не е најслаткото овошје, но има висока содржина на шеќер што се зголемува за време на зреењето.
Цреши и грозје
Кога станува збор за црешите, експертите советуваат да бидете умерени бидејќи се богати со шеќер. Вистина е дека се работи за многу поздрав шеќер кој нема да ви наштети како оној што го има во слатките, но сепак важно е да не претерувате.
Извор: mondo.rs