Едни од најчесто користените алати во кујната крпите и сунѓерите, всушност се вистинско легло на бактерии. Според стручњаците, оставањето влажни сунѓери и крпи покрај мијалникот создава идеални услови за размножување на бактерии.
Истражувањата покажуваат дека кујнските сунѓери можат да содржат 200.000 пати повеќе бактерии отколку WC школката. Повеќе од 90 % од кујнските крпи се контаминирани со опасни бактерии, вклучувајќи E. coli. Сајмон Робертс, експерт од компанијата Vogue Worktops, предупредува дека луѓето несвесно шират бактерии додека ја чистат кујната со сунѓери и крпи.
„Кујнските крпи и сунѓери впиваат остатоци од храна, маснотии и влага. Кога ќе ги оставите влажни, бактериите брзо се размножуваат”, вели Робертс.
Како да се намали насобирањето бактерии
Оставете крпите да се целосно исушат помеѓу употребите, обесете ги на чешма или на држач. Перете ги крпите на висока температура на неколку дена и заменете ги кога се истрошени. Дезинфицирајте ги сунѓерите еднаш неделно – во микробранова печка или во машина за садови. По користење на влажна крпа или сунѓер, површините пребришете со чиста, сува крпа.
Правилната хигиена на кујнските крпи и сунѓери е клучна за спречување ширење бактерии и заштита на безбедноста на храната во вашиот дом.