Овогодинешниот Субербоул стана најгледаниот настан во историјата на ТВ во САД

Овогодинешниот Супербоул, финалето на плејофот на американската професионална фудбалска лига НФЛ, стана најгледаниот телевизиски настан во историјата во САД со просечна гледаност од 127,7 милиони, според специјализираната агенција за следење на рејтингот Нилсен.
Фото: X/@NFL

Оваа бројка ги вклучува сите гледачи кои ја гледаа победата на Филаделфија Иглс со 40-22 над бранителот на титулата Канзас Сити Чифс на Телевизија Фокс, станицата на шпански јазик на Фокс Депортес Телемундо и сервисот за стриминг на Фокс, Туби.

Исто така, просечната гледаност ги вклучува посетителите на баровите и рестораните каде се гледаше натпреварот.

Најмногу гледачи го гледаа натпреварот во вториот квартал, кога бројката достигна 137,7 милиони. Сепак, кога „орлите“ го зголемија водството на 24-0 во тој дел од натпреварот, гледаноста падна како што се очекуваше.

Претходниот рекорд на гледаност на Супер Боул беше 123,7 милиони, поставен минатата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни