Овој уред е еден од најголемите потрошувачи на струја!

Многу луѓе го вадат кабелот на телевизорот од штекер за да ја намалат потрошувачката на енергија.

Штедењето струја зависи од староста и моделот на телевизорот, бидејќи модерните телевизори имаат ниска потрошувачка во мирување. Со текот на времето, телевизорите можат да потрошат значително количество електрична енергија. За да ја намалат сметката за струја, многумина го исклучуваат телевизорот од струја, но дали тоа навистина помага и дали е штетно за уредот?

Поради високите цени на електричната енергија, многу домаќинства во Германија бараат начини да заштедат струја, не само од еколошки, туку и од финансиски причини.

Дали целосното исклучување на телевизорот носи заштеда?

Еден едноставен начин за намалување на потрошувачката е целосното исклучување на електронските уреди што не се користат, особено навечер, со вадење на кабелот од штекер или користење на прекинувач на разделник.

Сепак, колку навистина ќе заштедите зависи од моделот и староста на телевизорот. Модерните телевизори имаат толку ниска потрошувачка во мирување што во повеќето случаи финансиски не се исплати рачно да се исклучуваат.

Според регулативите на Европската Унија од 2013 и 2023 година, телевизорите во режим на мирување смеат да трошат максимум 0,5 вати. Меѓутоа, ова не важи за уреди поврзани со мрежа, како што се паметни звучници, сет-топ бокс уреди и гејминг конзоли, за кои нема поставена горна граница на потрошувачката. Поради тоа, овие уреди е препорачливо да се исклучуваат кога не се користат активно.

Колку навистина трошат модерните телевизори?

Според студијата на германската организација Stiftung Warentest, која тестирала над 370 уреди, модерните телевизори трошат многу малку струја во мирување. Потрошувачката, во зависност од поставките, варира помеѓу 0,3 и 2,4 вати.

Најголем виновник за зголемената потрошувачка на некои уреди е функцијата „Wake on LAN“ (WoL), која овозможува вклучување на телевизорот преку компјутер, паметен телефон или друг уред на истата мрежа.

Доколку имате понов модел на телевизор, нема голема заштеда во исклучувањето од струја, но доколку користите дополнителни уреди како сет-топ бокс или гејминг конзоли, нивното целосно исклучување може да донесе значителна заштеда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни