На социјалните мрежи се прошири видео од гарсоњера лоцирана на Менхетен, Њујорк. Многумина пишуваат дека биле изненадени од цената за изнајмување со оглед на тоа како изгледа просторот.
„Дали ова е најлошиот распоред што некогаш сте го виделе?“, пишува во една објава на Инстаграм.
Имено, гарсоњерата има мал тоалет кој нема мијалник или огледало, потоа недовршена туш кабина која се наоѓа веднаш до кујната. Интересно е што тушот нема ниту врата, ниту завеса, а месечната кирија е 3.495 долари (околу 3.200 евра).
Дејвид Окоча кој го објави видеото на Инстаграм, а е креатор на содржини од различни имоти што ги наоѓа во Њујорк, нагласи дека ова е еден од најчудните имоти што некогаш ги видел.
Извор: Инстаграм