Овој предмет од кујната го скратува животот: Можеби го користите секој ден, а не знаете колку е опасен

Тавата што ја користиш секој ден може да ти го наруши здравјето. Го користиш секој ден. Пржиш јајца, палачинки, подготвуваш вечера за семејството. Но, она што не го знаеш или игнорираш е дека таа тава со нелеплива површина (тефлон) може тивко да ти го оштети здравјето, ден по ден.

Што е проблемот со тефлонот?

Тефлон е трговски назив за политетрафлуоретилен (PTFE), хемиски соединение кое се користи за нелепливи површини. Кога ќе се загрее над 260°C, почнува да испушта токсични гасови кои можат да предизвикаат симптоми слични на грип, познати како „тефлонска треска“. Кај птиците, дури и мали количини можат да бидат смртоносни.

Ако тавата има гребнатини, ризикот е уште поголем. Микрочестички можат да завршат во храната, а долгорочно внесување на овие супстанции се поврзува со хормонален дисбаланс, проблеми со тироидната жлезда и дури некои видови рак.

Го користиш секој ден — а не знаеш што вдишуваш

Повеќето луѓе не ја мерат температурата на тавата Кога ќе оставиш празна тава на рингла, за неколку минути може да достигне над 300°C. Токму тогаш тефлонот почнува да се распаѓа. Не чувствуваш мирис, не гледаш чад — но твоето тело памети.

Што можеш да направиш?

Замени ја тефлонската тава со керамичка или од не’рѓосувачки челик. Ако користиш тефлон, никогаш не загревај празна тава и не користи метални вилушки кои можат да ја оштетат. Редовно проверувај ја површината — ако има гребнатини, време е за замена.

Не треба паника, треба информација, но ако секој ден користиш оштетена тефлонска тава ризикот постои. Здравјето не се губи одеднаш, туку во мали дози. А таа доза може да биде токму од твојата кујна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни