Грчките кампови се сè попопуларни меѓу туристите, тие се поевтини, а според многумина нудат и подобра атмосфера од скапите хотели.
Веќе на многумина им е јасно дека кампувањето повеќе не вклучува навигација низ дивината, далеку од цивилизацијата без удобностите што ги нуди дури скромното сместување во грчко „студио“.
Во Грција сместувањето на „диво“ е строго забрането. Но, затоа постојат бројни модерни кампови, кои достигнаа висока категорија бидејќи ги нудат сите погодности како хотелите, па дури и повеќе. Во исто време, тие се подостапни од луксузните хотели на плажа.
Летното кампување во последните години станува сè попопуларно меѓу туристите, особено меѓу семејствата со мали деца, па затоа резервациите се прават дури и во текот на зимската сезона.
За некои грчки кампови не ви треба дури ни шатор, затоа што можете да изнајмите сместување во шатор или приколка, но и во дрвени куќички, бунгалови, луксузни мобилни куќи, сафари шатори, Секако дека можете да си носите свој бидејќи така ќе плаќате само простор.
Гостите во кампот имаат пристап до кујни, машини за перење, скари, бањи, машини за миење садови, фрижидери, туш кабини со топла вода…
Овие кампови, најчесто се наоѓаат веднаш на плажа, а многу од нив имаат и барови, спортски терени, ресторани, банкомати, супермаркети , пекара, сеф, менувачница, аптека, лекар, интернет, па дури и базени и забавувачи.
Некои од камповите во Грција се буквално „мали градови“ и воопшто нема да имате потреба да ги напуштате, пишува Greece Info. Во тој контекст од таму ги предлагаат: Арменистис кампот во Ситонија (на плажата Арменистис), Кампинг Пицони исто така во Ситонија (на плажата Сикија), кампот на плажата Порос на Лефкада (плажа Микрос Гиалос) и Симос кампување на островот Елафонисос (на плажата Симос) на Пелопонез.
Она што камповите го нудат како „бонус“ во споредба со хотелите е можноста да го поминете целиот одмор во природа, како и уникатната атмосфера и пријателства кои се развиваат таму – луѓето кои сакаат да се дружат летуваат во кампови. Цел ден сте на плажа, а вечерите обично завршуваат со дружење покрај оган.
„Ова е рај на земјата“, заклучуваат најчесто камперите, а веројатно најдобрата препорака е тоа што повеќето од нив продолжат одат на одмор и тоа веднап по првата камперска авантура.
Еве кои кампови најчесто се препорачани за групи, а има и приближни цени за изнајмување, сместување – доколку имате сопствен шатор или кампер, може да поминете поевтино.
Кампот Каламици Вилиџ, нуди целосен одмор во природата на јужниот брег на Ситонија (Халкидики). Речиси целосно е сместен во сенката на маслинови дрвја, лоциран веднаш до плажата, а во рамките на кампот имате се што ви треба – од игралиште, теретана, базен, до супермаркет, кафулиња и ресторани. Во зависност од избраните датуми и сместување, цените се движат од 26 до 180 евра за ноќевање (за 4члено семејство), иако има и специјални понуди во форма на вонсезонски пакети или попусти за подолг престој.
Кастело
Кастело се наоѓа на околу 3 километри од Неос Мармарас на западниот брег на Ситонија, опкружен со зеленило и со песочна плажа долга 220 метри, разделена со ред палми. На гостите на плажата им се обезбедуваат лежалки и чадори за сонце заедно со коктел бар, а кампот вклучува и маркет, ресторан со широк избор на грчки јадења, спортски терени и разни содржини.
Арменистис
Арменистис кој постои од 1982 година се наоѓа во зеленилото на плажата Арменистис во Ситонија, и е првата асоцијација за фантастични кампови во Грција. На само неколку метри од идиличната златна плажа, можете да кампувате во луксузни мобилни куќи и сафари шатори кои се целосно опремени (имаат дури и кујна, тоалет и туш). Комплексот вклучува ресторан, кафуле, бар, продавници, спортски терени… Во зависност од видот на сместувањето, локацијата во рамките на кампот, периодот на одмор и должината на престојот, 4члено семејство ноќевање во тој кам ќе го ќе чини од 47 до 175 евра.
Митари
Mитари кампинг се наоѓа во општина Никити на полуостровот Ситонија, на локација на само 115 километри од Солун и 50 километри од Неа Муданија. Станува збор за модерен, добро одржуван камп со многу сенка и удобни содржини, а покрај уживањето на идиличната плажа, нуди и можност за изнајмување велосипеди или поминување време во природа на поинаков начин, опкружен со прекрасни борови шуми, пешачки патеки… Цените за четири во подвижни домови се од 92 до 195 евра во зависност од локацијата и периодот.