Овој аеродром е еден од најмалите во светот: има само три лета дневно, а се наоѓа во срцето на Европа

Вон сезона, од октомври до април, аеродромот е речиси целосно празен.

Овој европски аеродром е еден од најмалите во светот, со само три лета дневно.

На аеродромот во чешкиот град Острава не можете да ја видите вообичаената гужва, бидејќи од овде секој ден поаѓаат само два до три комерцијални летови.

Вон сезона, од октомври до април е речиси целосно празен.

Во текот на летото ситуацијата е малку поинаква, кога има туристи.

Еден од најпопуларните летови – до Лондон – работи на секои два дена.

Аеродромот Острава е познат и како Меѓународен аеродром Острава-Мошнов, и покрај малиот капацитет, тој е втор по големина во Чешка.

Тој опслужува еден домашен лет, а оттаму можете да патувате до осум дестинации во шест земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни