Овие златни ретривери се борат за парче сланина, видеото е вирален хит на социјалните мрежи

Кил Џејмс Патрик, сопственик на златните ретривери Бени и Мејпл, на својот профил на ТикТок сподели видео кое го погледнале повеќе од 960 илјади луѓе. Виралното видео ги прикажува неговите миленичиња како се караат за парче сланина додека саундтракот од „Игра на тронови“ на се слуша во позадина.

Краткото видео насмеа многу корисници на TikTok, освојувајќи повеќе од 600 коментари.

„Ќе им кажам на моите деца ова беше „Игра на тронови“, „Следниот пат ќе се обложиме кој ќе победи“, „Игра на коските“, се само дел од коментарите.

Дел од корисниците на TikTok ги предупредија сопствениците на кучиња да не го повторуваат ова видео, бидејќи тепачката за храна може да доведе до агресија кај кучињата.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни