Овие земји купуваат најмногу злато: Централните банки го зголемуваат скапоцениот метал

Во септември централните банки купиле 39 тони злато — најмногу од почетокот на 2025. Полска, Бразил и Казахстан се меѓу најголемите купувачи.

Според најновите податоци на Светскиот совет за злато (WGC), централните банки во септември купиле нето околу 39 тони злато, што е највисоко ниво од почетокот на годинава. Тоа претставува раст од 79% во однос на август, покажуваат податоците на здружението на рударски компании.

Бразил води, следат Казахстан и Гватемала

Најактивен купувач во септември била Централната банка на Бразил, која на своите резерви додала 15 тони злато.
Следи Казахстан со осум тони и Гватемала со шест.

Руската централна банка купила три тони, откако претходниот месец беше единствената што ги намали златните резерви за истата количина.

Чешка и Бугарија исто така го зголемуваат уделот на злато

Меѓу водечките купувачи е и Чешка, која во септември купила две тони злато, исто како и во август. Земјата континуирано го зголемува својот златен фонд веќе повеќе од две и пол години, а целта на централната банка е до 2028 година да достигне 100 тони злато.

Во регионот, Бугарија во август ги зголемила резервите за две тони – најмногу од 1997 година.
Со оглед на тоа што Бугарија треба да влезе во еврозоната во јануари 2026, дел од златните резерви би можел да биде пренесен во Европската централна банка (ЕЦБ).

Полска рекордер со 67 тони злато во девет месеци

Од јануари до септември, Полската централна банка купила најмногу злато во светот – вкупно 67 тони.
Полска има цел да го зголеми уделот на златото во резервите на 30%, а првичниот праг од 20% го достигна уште на почетокот на годинава. До крајот на август, полските резерви изнесуваа 515 тони злато, што претставува 22% од вкупните девизни резерви.

Во септември, само Узбекистан ја намалил својата златна резерва, продавајќи четири тони, покажува извештајот на WGC.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни