Овие уреди ви ја трошат струјата без да знаете

Сметките за електрична енергија често делуваат непредвидливо, еден месец повисоки, другиот пониски.

Но, покрај очигледните навики што можат да ја зголемат потрошувачката, во секој дом постојат и таканаречени „скриени“ потрошувачи кои тивко, но упорно ја зголемуваат сметката.

Според експертите, некои уреди работат во позадина и кога мислиме дека се исклучени, а други се енергетски неефикасни поради старост или лошо одржување. Еве кои апарати најчесто се одговорни за високата сметка за струја и како да ја намалите потрошувачката.

Стари фрижидери

Доколку фрижидерот е постар од 15 години, шансите се големи дека трошат многу повеќе електрична енергија отколку модерните модели. Старите апарати често имаат ослабена изолација и неефикасни компресори, па годишната потрошувачка може да достигне и до 1.000 kWh. Новите енергетски ефикасни модели, особено оние со Energy Star ознака, значително ја намалуваат потрошувачката.

Уреди кои трошат струја и кога се исклучени

Многу домашни апарати остануваат активни дури и кога се на standby. Телевизори, гејминг-конзоли, лаптоп и телефонски полначи, кабловски ресивери, стриминг-уреди, па дури и микробранови печки и апарати за кафе, трошат струја во позадина. Решението? Исклучување од штекер, употреба на паметни продужни кабли или барем редовно вадење на полначите кога не се користат.

Бојлерот – невидливиот лидер во сметката

Иако никој не сака ладни тушеви, неконтролираното работење на бојлерот може значително да го зголеми месечниот трошок. Ако водата е постојано загревана на висока температура, потрошувачката расте експоненцијално. Експертите препорачуваат оптимална температура од околу 49°C.

Електричните шпорети и рерните – повремени, но скапи

Иако не се користат постојано, рерните и шпоретите трошат голема количина енергија секогаш кога се вклучени. Просечната потрошувачка на електрична рерна е од 2 до 2.5 kWh на час, што ја прави еден од најголемите потрошувачи во кујната. Дополнителни загуби се јавуваат доколку рерната често се отвора за време на печење или е неочекувано нечиста. Се препорачува вентилаторско печење, пониски температури и подготовка на повеќе јадења истовремено.

Енергетските експерти нагласуваат дека со мали промени во секојдневието како исклучување на „празни“ потрошувачи и замена на застарени уреди, месечните сметки може значително да се намалат, а домот да стане поефикасен и побезбеден.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни