Овие растенија ја впиваат влагата и ја спречуваат мувлата

Со доаѓањето на грејната сезона, во многу домови се јавува ист проблем – влага и мувла на ѕидовите, околу прозорците и во бањите.

Освен што го нарушуваат изгледот на просторот, овие појави можат сериозно да влијаат и врз здравјето. Решението, сепак, не се хемиските препарати – туку природата. Постојат растенија кои буквално ја „пијат“ влагата од воздухот, го прочистуваат и внесуваат свежина дури и во најзагушливите простории.

Сансеверија – растението што преживува сè
Позната и како „змиско растение“, сансеверијата е идеална за сите кои забораваат да полеваат. Таа е исклучително издржлива, елегантна и еден од најмоќните природни прочистувачи на воздух. Ги апсорбира токсините, ја регулира влагата и произведува кислород дури и ноќе – што ја прави совршена за спалната соба.
Најдобро успева на светло место, но без директно сонце. Во зима се полева само еднаш месечно, бидејќи не поднесува „мокри корени“. Ако ја оставите земјата да се исуши меѓу две полевања, ќе имате растение што речиси живее само.

Палми – природен филтер за воздух и влага
Ако сакате зеленило со егзотичен изглед, палмите се вистински избор. Нивните големи листови не само што внесуваат тропска атмосфера, туку и ефикасно впиваат влага од воздухот.
Бамбусовата, арека или патуљестата палма одлично се снаоѓаат во затворени простории и се идеални за дневни соби или ходници каде што се создава кондензација. Само внимавајте да не ги држите блиску до радијатор, полевајте умерено – и ќе добиете мала зелена оаза во домот.

Спатифилум – „среќното“ растение што чисти и воздух и душа
Ова нежно растение не само што изгледа убаво, туку и буквално ја впива влагата. Ги филтрира токсините, ја намалува мувлата и внесува чувство на свежина и мир. Одлично успева и во простории без природна светлина, па затоа е совршен избор за бањи.
Ако сакате почесто да цвета, обезбедете му малку сончева светлина и редовно прскајте ги листовите со вода. Спатифилумот симболизира чистота и нов почеток, па во домот носи и пријатна енергија.

Бршлен – мал, но моќен борец против мувла
Бршленот е познат по тоа што впива влага и ги чисти просториите од токсини и спори на мувла. Совршен е за помали простории – како бањи, кујни или ходници.
Најдобро расте на место со индиректна светлина и бара умерено полевање. Добро е да се засади во висечки саксии, каде што може слободно да се спушта или ползи по ѕидовите. Сепак, важно е да знаете дека бршленот е отровен за домашни миленичиња и мали деца, па држете го надвор од нивен дострел. Со време може да достигне и до 50 метри должина, а најубавата густина ја постигнува по третата година.

Природата секогаш знае најдобро
Во текот на зимата, воздухот во домовите станува сув, а ѕидовите често задржуваат влага. Овие растенија создаваат рамнотежа – впиваат вишок влага, го прочистуваат воздухот и внесуваат мир и свежина. Наместо да користите скапи освежувачи и хемиски средства, дозволете ѝ на природата да ја заврши својата работа.

Зелениот агол во домот не е само украс – тој е жив, природен филтер што ве штити од мувла, токсини и стрес. И најубавото од сè? Додека тие работат за вас, вие само уживајте во топол, чист и здрав дом.

Извор: Pink.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни