Овие намирници треба да ги вклучиме во исхраната за да имаме здрав вид

Правилната исхрана, редовните прегледи на видот и заштитата на очите од штетни влијанија помагаат во зачувувањето на добриот вид и спречувањето на потенцијалните проблеми. Кога станува збор за исхраната за одржување на здравјето на очите, првата намирница на која помислуваме е морковот, но тој не е единствениот. Во продолжение откријте кои уште намирници треба да ги јадеме за одржување на добриот вид и здравјето на очите.

Батат
Богат со витамин А, бататот помага во одржувањето на здравјето на рожницата и содржи три пати повеќе провитамин А отколку морковот. Еден среден печен батат обезбедува 150 проценти од дневната вредност на витамин А, благодарение на каротеноидите кои делуваат како антиоксиданси.

Спанаќ и кељ
Темно листестиот зеленчук, како што се кељот и спанаќот, се богати со лутеин и зеаксантин кои ја штитат мрежницата на окото од оштетување од слободни радикали и го успоруваат оштетувањето на видот што доаѓа со возраста.

Јајца
Јајцата се одличен извор на лутеин и зеаксантин кои го поддржуваат здравјето на видот. Редовната консумација на јајца може значително да го намали ризикот од губење на видот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни