Иако некои намирници како морков, тиквица или спанаќ може без проблем да се јадат сирови, особено во смутија, постојат бројни други кои задолжително треба да се термички обработат пред консумација.
Причината не е само вкусот, туку и можните штетни последици за здравјето, кои може да варираат од лесни стомачни тегоби до сериозни труења.
Според нутриционистите и експертите за јавно здравје, суровиот компир содржи скроб кој е тешко сварлив, што може да предизвика надуеност и проблеми со варењето. Исто така, ако компирот се чува на топло, може да создаде токсини штетни за организмот. Термичката обработка ги разградува овие супстанции и го прави компирот полесен за варење.
Суровите остриги, кои во некои култури се деликатес, носат висок ризик од бактериски инфекции, особено за лица со ослабен имунитет, деца и трудници, па тие групи не смеат да ги јадат сирови.
Суровото млеко може да содржи опасни бактерии како Е. коли и салмонела, бидејќи не е стерилизирано. Млекото од продавница е пастеризирано, што ги уништува овие бактерии.
Суровото брашно, често употребувано во теста за колачи, исто така може да предизвика труење, бидејќи може да содржи бактерии кои се уништуваат само со печење.
Суровиот грав, особено црвениот, содржи токсин фитохемаглутин, кој само со неколку зрна може да предизвика гадење, повраќање и дијареја.
Неработените горки бадеми содржат цијановодородна киселина, која во поголеми количини може да биде смртоносна. За деца, само 7 до 10 бадеми може да бидат опасни, а за возрасни смртната доза е од 12 до 70 бадеми.
Патлиџанот има природен токсин соланин, кој во поголеми количини предизвикува гадење и стомачни проблеми, па не се препорачува да се јаде сиров без термичка обработка.
Суровото пилешко може да биде контаминирано со бактерии како салмонела и кампилобактер, кои се уништуваат само со соодветно термичко обработување.
Печурките содржат хитин, кој е тешко сварлив, а термичката обработка овозможува полесна апсорпција на хранливите состојки и ја намалува можноста за стомачни тегоби.
Сировите јајца можат да содржат салмонела, па се препорачува да се користат пастеризирани јајца ако рецептот бара сурови.
Затоа, за да ја заштитите својата здравствена состојба, овие намирници секогаш консумирајте ги по соодветна топлинска обработка.
Извор: N1info.rs