Една фраза која пренесува презир и ги уништува односите, а на која Ворен најмногу наишла е: „Посакувам никогаш да не се сретневме“.
Таа наведе уште неколку фрази каде може да се појави презир:
- „Ми го уништи животот“.
- „Не ми е гајле што мислиш или како се чувствуваш“.
- „Ти си мизерен“.
- „Не вредиш/моето време“.
- „Ми должиш. Те трпев со години“.
- „Да немавме деца, до сега ќе те оставив“.
- „Ми се гадиш“.
- „Никој друг не би те посакал“.
Психологот забележува дека презирот може да се изрази и преку невербални гестови, како што се омаловажувачки говор на телото или драматично превртување на очите.
Сето ова служи за понижување на другиот, што на крајот може да ги уништи темелите на здравата романтична врска и да доведе до незадоволство во врската. Ако чувствуваме презир кон партнерот, постојат начини да се бориме против тоа за да не му наштети на нашата врска.
Ворен го советува следново:
- Размислете пред да кажете нешто
Кога се чувствуваме емотивно вознемирени, треба да одвоиме малку пред да кажеме нешто. Важно е внимателно да ги избирате зборовите и да комуницирате со почит и љубезност. - Преземете одговорност
Важно е да ги признаете вашите одлуки, модели на однесување и учество во ситуации кои не се оптимални или кои се проблематични. - Извинете се ако е потребно
Клучот е искрено да се извиниме кога нашите постапки го повредиле нашиот партнер. - Научете да дебатирате продуктивно
Партнерите се тим, така што целта е да се комуницира на начини кои ја потврдуваат посветеноста, желбата за поврзување и меѓусебното почитување. - Станете свесни за вашата љубов кон партнерот
Кога сакаме да ги критикуваме или промениме нашите партнери, важно е да се потсетиме на причините за нивно избирање, пред да им дадеме конструктивен фидбек.
„Најголемиот совет што им го давам на луѓето е да се обидат да најдат благодарност. Секогаш има што да научиме од несогласувањата во нашите односи. Барајте нешто позитивно во секоја интеракција, дури и ако процесот е тежок и напорен”, заклучува Кортни Ворен.
Извор: index.hr