Зимата 1955 година била толку тешка што Злата извесно време не можела да се врати во Сараево поради снежните патишта, па тргнала да бара привремена работа во тогашна Југославија додека не може да се врати дома. Снежната бура потоа ја затекнала во Загреб, а додека била заглавена во тој град, нашла оглас за хемиски техничар во „Подравка“, хрватска фабрика од Копривница, мало гратче кое тогаш се борело со криза. Таа се пријавила и веднаш била примена.
И тука започнува неверојатната приказна за производот кој ја прослави Југославија низ целиот свет.
Инаку, професорката Злата Бартл е родена во февруари 1920 година во Босна и Херцеговина, во Сараево, каде што го завршила своето образование. Со текот на времето напредувала, а веќе следната година отишла во Копривница и започнала научноистражувачка работа во Центарот Подравка. По четири години работа, во 1959 година, таа имала брилијантна идеја: измислила и создала зачин што никогаш порано не постоел во светот.
Производот ги воодушеви останатите од компанијата и го нарекоа „вегета 40“, а подоцна неговото име беше сменето во само „вегета“. Таа тогаш живеела во скромна фабрика во Копривница со своите колеги и со нив делела по еден оброк на ден. Градот бил целосно неразвиен и сиромашен.
Сè беше направено со помош на стапчиња и конци, тие беа врзани на различни начини за производот да изгледа барем пристојно. Улиците беа калливи, а градот беше недоволно развиен. Сè беше тешка импровизација – ги лепеа рабовите на кесите за пакување со пегли што ги позајмуваа од жени од околните куќи. Сепак, Вегета брзо стана неверојатно популарна низ цела Југославија, а потоа почна да се шири.
Денес се продава во повеќе од 40 земји низ светот, на сите континенти. Благодарение на Злата и нејзиниот изум, Подравка стана светска компанија со овој, својот најпродаван производ, а сиромашниот град Копривница процвета. Повеќе од 50 компании ширум светот се обиделе да го копираат овој зачин со своја верзија на „замена“.
Злата во текот на животот добиваше различни награди, а почина во 2008 година на 88-годишна возраст.