Оваа земја е прва во Европа по сиромаштија, а по неа се Романија и Турција: Дури 42 отсто од луѓето едвај „крпат крај со крај“

Според последните податоци на Евростат, околу еден милион Албанци се погодени од сиромаштија.

Последните податоци на Евростат за 2024 година покажуваат дека Албанија е меѓу земјите со највисоко ниво на сиромаштија во Европа. Околу 42 отсто од населението – приближно еден милион граѓани – се соочуваат со тешка форма на социјална исклученост. Земјата има 2,7 милиони жители.

Еден милион Албанци живеат во семејства кои не можат да се справат со најмалку седум од тринаесетте категории на исклучување, шест на индивидуално ниво и седум на ниво на семејство.

На ова рангирање на Албанија следат Романија, Турција и Бугарија, додека земјите како Чешка, Словенија и Холандија имаат најниски стапки на сиромаштија, при што помалку од една четвртина од нивното население се соочува со економски тешкотии.

Извештајот ја мери сиромаштијата користејќи неколку клучни индикатори, како што се:

-задоцнето плаќање на кирија или заем,
-неможност да се покрие неочекуваниот трошок од околу 30.000 леки (270 евра),
-неможност да си дозволат годишен одмор, да купуваат основна храна како месо еднаш дневно,
-греење на домот во текот на зимата или
замена на истрошен мебел.

Показателите за Албанија, според податоците на Евростат, се значително повисоки во споредба со другите соседни земји од Западен Балкан, каде Црна Гора има 34,1 отсто од населението во ризик од сиромаштија, Северна Македонија 32,6 отсто, Србија 30 отсто.

Инаку, Албанија е една од двете земји од Западен Балкан која е блиску до членка на Европската унија, барем судејќи според она што европските претставници го кажуваат во јавноста.

Ова меѓу другото беше тема на самитот во Тирана одржан кон средината на минатата недела. На овој самит зборуваа речиси сите европски лидери на големите земји на ЕУ, вклучително и Макрон, кој во Тирана изјави дека Албанија е „влезната точка“ во балканскиот регион и медитеранскиот басен.

„И за две години, за кои премиерот Еди Рама има јасен мандат, ќе влезе во ЕУ“, рече Макрон.

Рама изјави за Франс прес дека преговорите на неговата земја за пристапување во ЕУ започнале во 2022 година и додаде дека ако „добро ги завршат сите свои задачи“ би можеле „да ги завршат до 2027 година“, додавајќи дека „би било неверојатно“.

За потсетување, населението на Албанија води на Балканот во однос на поддршката за влез во ЕУ: во 2024 година, 92 отсто од населението изјавија дека се подготвени да гласаат за влез во ЕУ на референдум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни