Оваа година се отвора најдолгиот тунел во светот: Долг е повеќе од 22 километри

Тунелот Тјаншан Шенгли, најдолгиот тунел во светот, неодамна беше завршен, отворајќи го патот за нова кратенка што ги поврзува јужниот и северниот дел на северозападната кинеска автономна област Ксинџијанг Ујгур, објави новинската агенција Ксинхуа.

Според Ксинхуа, унелот долг 22,13 километри, наречен „Шенгли“, што на кинески значи „победа“, ќе го намали времето потребно за преминување на средниот дел на планината Тианшан од неколку часа на околу 20 минути откако ќе биде пуштен во употреба.


Дизајнот на тунелот вклучува двонасочен пат со четири ленти и проектна брзина од 100 километри на час. Се наоѓа водлабочина на планината Тијаншан, на просечна надморска височина од над 3.000 метри, објави кинескиот медиумски центар (CMG).

Во текот на изминатите четири години, повеќе од 3.000 работници работеле континуирано во услови на голема надморска височина и ниска концентрација на кислород, соочувајќи се со бројни геолошки предизвици и ризици како што се ненадејни паѓања на карпи, големи деформации во мека почва и уривања, се вели во извештајот на CMG. и.

Проектот се соочи со тешки временски услови и исклучително сложена геологија. Вообичаено би биле потребни околу 72 месеци за да се заврши тунелот користејќи конвенционални методи. Сепак, градежниците успешно го завршија за само 52 месеци, велат од CMG.

Тунелот е клучен дел од автопатот Урумчи-Јули, кој се протега од регионалниот главен град Урумчи во северниот дел на Ксинџијанг до округот Јули во јужниот дел на Ксинџијанг. Се очекува автопатот да биде целосно завршен и отворен за сообраќај во 2025 година. Времето на патување меѓу двете локации ќе се намали од околу седум часа на нешто повеќе од три часа, објави Ксинхуа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни