Минатата недела на NETFLIX пристигна германската минисерија Сигнал (Das Signal), која брзо се искачи на второто место по гледанос, како во Македонија, така и во светот. Станува збор за научно-фантастична трилер серија составена од четири епизоди, во режија на Флоријан Дејвид Фиц, еден од главните актери.
Серијата ги следи Свен (Фиц) и неговата ќерка Чарли (Јуна Бенет), додека ја чекаат мајката на Чарли, Пола (Пери Баумајстер), да се врати од вселенска мисија до Меѓународната вселенска станица. Расеаната Паула одбива да ги активира падобраните при слетување на Земјата, но ги активира во последен момент. Нејзиниот сопруг и ќерка го гледаат леталото како слетува заедно.
По слетувањето во Чиле, Пола му се јавува на својот сопруг пред да одлета за Германија, но таа звучи мистериозно и исплашено преку телефон, што само го збунува Свен. Следниот ден, Свен и Чарли одат на аеродромот да ја пречекаат Пола, само за да дознаат дека нејзиниот авион исчезнал во близина на Ирска.
Споредните улоги ги толкуваат Катарина Шутлер, Хади Кањанпур, Шеба Чада, Сеумас Ф. Сарџент, Нилам Фарук и Уве Преус.
Извор: index.hr