Во Холандија, велосипедот не е само превозно средство, туку и неопходен дел од секојдневниот живот на граѓаните од сите возрасти, од седум до седумдесет години, јавува агенцијата Анадолија.
Земјата со 17 милиони жители поседува дури 23 милиони велосипеди. Според Холандскиот сојуз на велосипедисти, Холандија учествува со 2,3 проценти од вкупно една милијарда велосипеди во светот.
Околу еден милион нови велосипеди се продаваат во земјата секоја година, додека повеќето жители користат половна опрема. Велосипедот се користи за различни намени: 31 процент за слободно време, 22 проценти за одење на работа, 18 проценти за училиште и 14 проценти за шопинг.
Холандија, исто така, има развиен систем за изнајмување велосипеди, со околу 22.000 велосипеди достапни на повеќе од 300 локации. Сепак, годишно се пријавуваат кражби на околу половина милион велосипеди.
Во 2018 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 3 јуни за „Светски ден на велосипедот“ со цел да се промовира неговата употреба. Во Европа, каде што културата на возење велосипед е силно вкоренета, Холандија е позната како „Земја на велосипедите“.
Најпријателски настроени градови во светот за возење велосипед се Утрехт (Холандија), Минстер (Германија), Антверпен (Белгија), Копенхаген (Данска) и Амстердам (Холандија).