Фармерките или панталоните во оваа боја внесуваат топлина во есенските комбинации, додаваат допир на софистицираност и го прават дури и наједноставниот outfit да изгледа посебно.
Модно величество – фармерки! Кога зборуваме за нив, повеќето од нас помислуваат на вечниот класик – сина во сите нејзини нијанси, можеби црни модели кои се неопходни во вечерните излегувања и поелегантни комбинации. Но, модната сцена на оваа есен зема сосема нов пресврт. Наместо очекуваните тонови, на сцената влегува боја која многумина не ја поврзале со ова иконско парче облека – кафеава.
Она што ја издвојува оваа боја е нејзината способност да комбинира практичност и елеганција, па затоа не е изненадување што модните стилисти веднаш ја прогласија за клучен избор на сезоната. Кафеавите фармерки или панталони внесуваат топлина во есенските комбинации, додаваат допир на софистицираност и го прават дури и наједноставниот outfit да изгледа посебно. Од светли карамел тонови до длабоки чоколадни нијанси, тоа е тренд кој одговара на стилот на секого и лесно станува основен дел од гардеробата за постудените денови.

Зошто кафеави фармерки?
Кафеавата боја совршено се вклопува во есенската палета – од беж и карамел тонови до богата чоколадна нијанса.
Фармерките или панталоните во оваа боја се исто толку практични како и сините, но внесуваат и дополнителен допир на префинетост. Освен што лесно се комбинираат со неутрални нијанси, тие одлично се вклопуваат и со впечатливи модни детали, па затоа се одличен додаток на вашиот гардеробер.

Како да ги носите?
Во предимензионираната верзија, најдобро се комбинираат со јакна со струк или пократка јакна, додека моделите до глужд изгледаат совршено со високи чизми.
Правите кроеви се идеални за деловни комбинации – во комбинација со едноставна кошула и камел палто, тие создаваат непогрешлив изглед. За вечерни излегувања, доволно е да додадете впечатлив ремен, чанта во контрастна нијанса или чевли во бордо тон.
Ако сакате слоевито носење, кафеавите фармерки се одлична основа за есенски комбинации – носете ги со тренч палто, плетен џемпер префрлен преку рамо и свилен шал за допир на класична елеганција.