Непријатните мириси во бањата често ги фрустрираат многу домаќинки и може да претставуваат проблем. Секогаш кога мислиме дека конечно сме ги отстраниле, тие пак се појавуваат.
Може да биде вистинска мака да се исчисти целата бања и тоа неколку пати неделно, но сепак никогаш не можете целосно да се ослободите од ужасните мириси кои секогаш остануваат. Причините за ова често се маснотии и друг органски отпад кој се акумулира во ѕидовите на канализационите цевки.
Па, како да се ослободите од непријатните мириси?
Пред да тргнете во продавница по хемикалии, обидете се да го решите овој проблем со состојки што веќе ги имате дома. Сè што треба да направите е да ставите чен лук во WC школката, а најдобро е тоа да го направите пред спиење. Оставете го преку ноќ, а наутро исплакнете со вода.
Белото лукче ќе ја дезинфицира вашата WC школка и ќе ги елиминира потенцијалните извори на непријатни мириси во цевките, пишува Espreso.