Ова се земјите во кои најопасниот астероид би можел да удри во 2032 година: НАСА ги откри деталите

Земјите како Индија, Пакистан, Бангладеш, Етиопија, Судан, Нигерија, Колумбија, Венецуела и Еквадор би биле во потенцијална опасност.

Американската НАСА и Европската вселенска агенција (ESA) активно го следат движењето на астероидот YR4, кој е наречен „убиец на градовите“, откако се процени дека шансите да удри во земјата се удвоени.

Инаку, научниците откриле дека процентот на веројатност скокнал од 1,2 на 2,2, додека Меѓународната астрономска унија (IAU) го прогласи астероидот за „ниво 3“ на скалата на опасност во Торино, што го прави единствениот чие ниво е над нулата.

Се проценуваше дека YR4 ќе ослободи енергија од неколку милиони тони ТНТ, а ударот ќе биде 150 пати помоќен од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Иако пресметките изгледаат алармантно, астрономот и професор по планетарни науки Ричард Бинзел од Технолошкиот институт во Масачусетс смета дека нема причина за загриженост.

„Можеме да очекуваме процентот на веројатност да варира. Едноставно вака се вршат мерења на научни податоци“, рече тој.

И додека софистицираната технологија внимателно го следи движењето на најопасниот астероид, се огласи Дејвид Ранкин, инженер на НАСА во проектот Catalina Sky Survey, презентирајќи проекција на потенцијално загрозени области.

Ако YR4 не ја пропушти нашата планета, таа би била во појасот од северот на Јужна Америка преку Тихиот Океан до Јужна Азија, Арапското Море и Африка.

Со други зборови, земјите како Индија, Пакистан, Бангладеш, Етиопија, Судан, Нигерија, Колумбија, Венецуела и Еквадор би биле во потенцијална опасност.

НАСА објаснува дека континуираните набљудувања на орбитата на астероидот ќе го подобрат разбирањето на неговата „веројатност на удар“.

Се споменува и можноста за отстранување на YR4 од листата на опасни астероиди, како што беше случајот со другите „вселенски карпи“ во минатото.

Кога астероидот ќе ни се приближи во 2032 година, тој ќе биде на околу 106.000 километри од Земјата, што дава многу простор да се избегне најлошото сценарио, истакнуваат експертите.

Се проценува дека YR4 е широк до 90 метри. Ваквите „вселенски карпи“ ја погодуваат нашата планета во просек еднаш на неколку илјади години, можат да предизвикаат значителна штета, но не и уништување како во ерата на диносаурусите,.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни