Ова се работните места на иднината: Како вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Се појавуваат нови категории на работни места кои се развиваат за да ја поддржат интеракцијата меѓу човекот и вештачката интелигенција. Човечкиот надзор останува клучен за безбедно и ефикасно управување со AI технологијата.

Во ерата на AИ се создаваат нови професии кои не се вклопуваат во постојните организациски шеми. Тие се фокусирани на соработка помеѓу човекот и AИ, комбинирајќи експертиза од машинско учење со психологија, организациски дизајн и управување со работни процеси. За повеќето компании, главен предизвик е да утврдат како луѓето и вештачката интелигенција треба да соработуваат.

Луѓето кои ќе се истакнат во овие улоги ќе разбираат како функционира човекот, неговите когнитивни граници, кога опаѓа довербата и како носи одлуки под притисок. Истовремено, тие ќе знаат како AI „размислува“, каде греши и како се справува со неизвесноста.

Во последните години, организациите најчесто ја воведуваа AИ преку додавање алатки во постојните работни позиции. Но, како што компаниите преминуваат од тест-фази кон реална примена, фокусот почнува да се менува.

Дизајнер на одлуки

Некои нови професии се насочени кон безбедно и стратешко управување со AI. Една од нив е „дизајнер на одлуки“.

Како што компаниите сè повеќе ќе ѝ дозволуваат на AИ да носи важни одлуки, како откривање измами, одобрување кредити или пресметка на кредитен рејтинг, ќе им биде потребна личност која ќе го дефинира начинот на донесување одлуки.

Во моментов, овие задачи ги извршуваат научници и инженери за податоци, но во иднина ќе биде потребна посебна улога која ќе стои меѓу алгоритмите и резултатите, креирајќи рамки и одговорност.

Службеник за AI искуство

Друг тип на работни места ќе биде фокусиран на усогласување на AI со вредностите и целите на компанијата. Токму тоа ќе биде задачата на службеникот за искуство со Artificial Intelligence – да обезбеди како AI се однесува во интеракција со луѓето.

За разлика од главниот AI директор, кој се фокусира на развој и имплементација, оваа улога ќе биде насочена кон корисничкото искуство и довербата.

Советник за дигитална етика

Компаниите ќе имаат потреба и од експерти кои ќе создаваат етички рамки за Artificial Intelligence и ќе поставуваат безбедносни стандарди. Оваа улога ќе ја имаат советниците за дигитална етика, кои ќе градат системи со контролни механизми за рано откривање на проблеми во AI и роботиката.

Тие ќе бидат задолжени и за следење на индустриските стандарди и регулативи.Иако овие стандарди се важни, тие не можат да спречат секој ризик, па компаниите ќе мора да имаат експерти фокусирани исклучиво на безбедноста.

Без разлика кои нови професии ќе се појават, едно останува јасно – човечкиот надзор ќе биде клучен во ерата на АИ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни