Ова се првите инсекти што ги добија своите права: Како се појави овој преседан?

Ова е прв пат во историјата на некој инсект да му се даде таков правен статус.

Локалните власти во Перу им доделија права на пчелите без убод од амазонската дождовна шума – вклучувајќи го и правото да постојат, да напредуваат и да бидат заштитени од закани како загадување, пестициди, уништување на шумите и климатските промени.

Две општини во оваа јужноамериканска држава усвоија закони со кои се признаваат виталните амазонски опрашувачи како правни лица со експлицитни права. Ова е прв пат во историјата на некој инсект да му се даде таков правен статус.

Главни опрашувачи во Амазон

Амазонските пчели без убод се главните опрашувачи на амазонската флора. Според некои проценки, тие опрашуваат повеќе од 80 проценти од растителните видови во регионот, вклучувајќи култури како какао, кафе и авокадо. Поради ова, активистите и научниците сè повеќе укажуваат на корелацијата помеѓу нивното истребување и губењето на биодиверзитетот.

Тие се познати и како Мелипона или пчели без убод и живеат во тропските шуми на Јужна Америка, каде што произведуваат мед кој е благ и кисел по вкус. Иако немаат убоди, овие пчели се бранат со леплива смола и работат на ниво на целата колонија.

Во правната битка за пчелите, научничката Роза Васкез Еспиноза учествуваше во соработка со Центарот за право на Земјата и локалните индијански заедници (особено Ашанинка и Кукама-Кукамирија), кои со векови ги негуваат споменатите инсекти како дел од нивната култура и традиционални земјоделски системи.

Организациите ширум светот го користат овој случај како модел за промена на правните норми со цел зачувување на природата и биодиверзитетот. Повеќе од сто илјади луѓе потпишаа петиции за проширување на мерката на национално ниво во Перу, а слични предлози се разгледуваат и во други земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни