Ова се првите фотографии и видео од финалната верзија на новиот Volkswagen Golf

Легендарниот модел го слави својот 50-ти роденден

Volkswagen подготви изненадување за овогодинешниот CES.

За нас во Европа, фокусот е на новиот Golf. Легендарниот модел го слави својот 50-ти роденден, а оваа година осмата генерација ќе го доживее својот прв значаен редизајн. Volkswagen „поправи“ многу работи, пред се оние на кои се жалеа корисниците и стручните лица.

Централниот екран е во фокусот, сега значително поголем и со стил на посебен таблет, со најновите иновации како ID.7, Passat и Tiguan.

Класичните копчиња се вратија и на воланот. Се очекува и воведување на побогата опрема, како и поквалитетни материјали.

Однадвор, Golf веројатно не е многу променет. Верзијата GTI пристигна на CES, но „благодарение“ на камуфлажата, не можете да видите многу. Очекувајте нови светла, и малку изменети браници, напред со попречни елементи како хокејски стапчиња со неконвенционална форма.

Моторизацијата се уште не е откриена, но се претпоставува дека нема да има револуционерни вести.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни