Volkswagen подготви изненадување за овогодинешниот CES.
За нас во Европа, фокусот е на новиот Golf. Легендарниот модел го слави својот 50-ти роденден, а оваа година осмата генерација ќе го доживее својот прв значаен редизајн. Volkswagen „поправи“ многу работи, пред се оние на кои се жалеа корисниците и стручните лица.
Централниот екран е во фокусот, сега значително поголем и со стил на посебен таблет, со најновите иновации како ID.7, Passat и Tiguan.
Класичните копчиња се вратија и на воланот. Се очекува и воведување на побогата опрема, како и поквалитетни материјали.
Однадвор, Golf веројатно не е многу променет. Верзијата GTI пристигна на CES, но „благодарение“ на камуфлажата, не можете да видите многу. Очекувајте нови светла, и малку изменети браници, напред со попречни елементи како хокејски стапчиња со неконвенционална форма.
Моторизацијата се уште не е откриена, но се претпоставува дека нема да има револуционерни вести.
Извор: index.hr