Ова се најчестите грешки што ги прават возачите во зима: Една може да биде многу опасна

Возачите кои немаат гаража во текот на зимата ќе треба да одвојат најмалку 20 минути за да го подготват својот автомобил за возење особено кога врне снег.

Искуството покажува дека во зима најчесто се случува оштетување на прозорците, па дури и на електрониката на клучевите поради желбата што побрзо да се седне зад воланот. Сервисери предупредуваат за најчестите грешки.

Чистење на автомобилот од снег

Кога го чистите снегот од вашиот автомобил, треба да го направите тоа темелно. Покрај светлата и стаклото, снегот мора да се исчисти и од покривот на автомобилот, бидејќи од наглото сопирање може снегот да падне на шофершајбната и нема да можете да видите ништо пред себе.

За добро да го видите патот додека возите на снег, потребно е да ги исчистите светлата: фарови, трепкачи, задни светла… Покрај тоа што вие ќе можете подобро да го гледате патот, и другите возачи ќе можат подобро да ве видат вас..

Одмрзнување со топла вода

Кога стаклото е замрзнато, најлошото нешто што треба да направите е врз него да истурите топла вода. Наглото загревање може да предизвика пукање, затоа не користете ништо друго освен спрејови за одмрзнување. Ставете картон на стаклото преку ноќ и заглавете го со бришачите. Така ќе се спасите наутро да не чистите снег. Внимавајте стругалката да е квалитетна, а делот за стругање да е пластичен, а не од цврст материјал за да не се изгребе стаклото.

Рачно бришење замаглено стакло

Не бришете замаглено стакло со рака, особено ако носите накит, бидејќи може да ја оштетите површината. Дури и да го правите тоа со крпа, вклучете ја вентилацијата на автомобилот, така најбрзо ќе се „исуши“. Препорачливо е да чувате стари весници или дури и ѓубре за мачки во автомобилот, бидејќи тие ќе ја апсорбираат влагата.

Замрзната врата

Избришете ја со сува крпа гумата околу вратата и нанесете глицерин. Ова ќе го олесни нивното отворање во зима.

Греење на клучот со запалка

Никогаш не го загревајте клучот со запалка бидејќи тоа може да ја оштети електрониката на предавателот за далечинско заклучување. Многу подобра опција се средствата за чистење со спреј, а може да помогне и алкохолот.

Дефлација на гумите

Еден од триковите што возачите ги користат за да го зголемат стисокот на нивните гуми е да пуштат малку воздух. Покрај тоа што е опасно, особено ако немате пумпа при рака за повторно да ги надувате гумите, прилично е бескорисно да го правите тоа со модерните гуми.

Неодржување растојание

Возењето веднаш зад камион може да ги уништи и хаубата и стаклото. Обрнете внимание ако се најдете зад камион кој шири чакал по патиштата. Улиците се посипани не само со сол, туку и со камчиња. Иако се со големина до 3 mm, тие можат да го оштетат стаклото од автомобилот. Возењето веднаш зад камион може да ги оштети и хаубата и стаклото, затоа одржувајте поголемо растојание!

Возење со премалку гориво

Искусните возачи советуваат во зима секогаш да имате барем половина резервоар гориво. Ако се случи да застанете некаде на патот, особено ноќе, барем можете да го задржите моторот да работи за загревање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни