Ова се најмоќните пасоши на светот, македонскиот е на 42 место

САД на листата паднаа на 20. место, додека македонскиот пасош се наоѓа на 42та позиција на индексот кој ја мери „моќта“ на пасошите

За прв пат во историјата на индексот на пасоши Хенли, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите десет.

САД на листата паднаа на 12. место, додека македонскиот пасош се наоѓа на 42та позиција на индексот кој ја мери „моќта“ на пасошите според бројот на земји во кои нивните државјани можат да патуваат без виза.

На првите три места се држави од Азија: Сингапур со пристап без виза до 193 дестинации, Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации и Јапонија со 189 дестинации.

Од нашиот регион, изненадување е Хрватска која влезе во првите 10 и е исто така пред САД, на осмото место.

Падот на американскиот пасош е резултат на низа промени во правилата за влез. Во април, Бразил го укина безвизното патување за граѓаните на САД, Канада и Австралија поради недостаток на реципроцитет. Кина воведе порелаксирани мерки, нудејќи ослободување од виза на десетици претежно европски земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, но на САД не им се дадени истите ослободувања.

На дното на листата, на 106-то место, Авганистан останува најслабиот пасош со безвизен пристап до само 24 дестинации, две помалку отколку на почетокот на годината. Сирија е на 105-то место (26 дестинации), а Ирак е на 104-то место (29 дестинации). Јазот во мобилноста помеѓу најдобро и најлошо рангираните пасоши е 169 дестинации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни