Ова се најмоќните армии во светот Македонија на 112 место

Global Firepower ја објави листата на најмоќни армии за 2025 година. Албанија бележи голем скок.

Global Firepower, интернет-платформа која секоја година ги рангира вооружените сили на државите ширум светот, ја објави најновата листа за 2025 година.

Рангирањето се базира на анализа на дури 60 различни фактори, од бројот на население и активен воен персонал, преку количината и квалитетот на воената опрема, воениот буџет и природните ресурси, до географските карактеристики и логистичките капацитети на секоја земја.

Крајниот пласман се утврдува преку индексот на воена моќ (PowerIndex – PwrIndx), при што пониска вредност значи посилна војска.

Непроменет врв на листата

Првите шест позиции остануваат исти како и во 2024 година. Најмоќните армии во светот за 2025 година се:

  1. САД
  2. Русија
  3. Кина
  4. Индија
  5. Јужна Кореја
  6. Обединетото Кралство

Франција направи значителен скок и се искачи на 7. место (лани беше 11-та), заменувајќи го Јапонија, која сега е на 8. позиција. Следуваат Турција и Италија, додека Бразил се најде пред Пакистан, кој падна од 9. на 12. место.

Германија напредуваше од 19. на 14. место, Израел од 17. на 15., додека Иран падна за две позиции и сега се наоѓа веднаш под Израел. Украина исто така бележи пад од 18. на 20. место.

Регионот: Пад на Хрватска, скок на Албанија

Кога станува збор за земјите од регионот, Романија е рангирана на 51. место, а Унгарија на 55., што е полош резултат во однос на минатата година. Бугарија останува на 62. позиција.

Веднаш зад неа се наоѓа Србија на 63. место, што претставува значителен пад во однос на 2024 година, кога беше на 56. позиција.

Хрватска забележа најголем негативен пад во регионот – од 66. на 74. место, односно за девет позиции.

Спротивно на тоа, Албанија оствари голем напредок, искачувајќи се од 90. на 78. место.

Словенија е на 96. позиција, Северна Македонија на 112., Црна Гора на 127., додека Босна и Херцеговина е на 132. место. Косово е при самиот крај на листата – на 141. позиција од вкупно 145 анализирани земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни