Ова се најбогатите држави и градови во Африка

Бројот на милионери во Африка се очекува да порасне за 65% во следната деценија, според Извештајот за богатството на Африка 2025, објавен од меѓународната консултантска фирма Henley & Partners во соработка со New World Wealth.

Во моментов, на континентот живеат 25 милијардери, 348 лица со богатство над 100 милиони долари и 122.500 милионери. Извештајот покажува дека приватниот капитал во Африка се зголемува и покрај неповолните глобални економски услови.

Доминик Волек од Henley & Partners истакнува дека пазарот на инвестиции функционира во двата правца – африканските инвеститори бараат поголема глобална мобилност и диверзификација, додека меѓународните инвеститори сè повеќе ја гледаат Африка како стабилна и перспективна дестинација за долгорочни вложувања.

Најбогати држави во Африка:

  • Јужноафриканска Република – 41.100 милионери
  • Египет – 14.800 милионери
  • Мароко – 7.500 милионери
  • Нигерија – 7.200 милионери
  • Кенија – 6.800 милионери

Овие пет држави сочинуваат 63% од милионерите и 88% од милијардерите на континентот. Посебно се издвојува Маурициус, со најголем раст на богаташи во последната деценија – +63%, додека Руанда (+48%) и Мароко (+40%) исто така бележат значителен пораст. Спротивно на тоа, Нигерија (-47%), Ангола (-36%) и Алжир (-23%) се соочуваат со значителен пад.

Најбогати градови во Африка:

  • Јоханесбург – 11.700 милионери
  • Кејптаун – 8.500 милионери (водечки по број на лица со богатство над 100 милиони долари – 35)
  • Каиро – 6.800 милионери (најголема концентрација на милијардери – 5)
  • Најроби – 4.200 милионери (речиси половина од богатството на Кенија)

Кејптаун се издвојува и како најскап пазар за недвижности во Африка, со цена од 5.800 долари по м², и според прогнозите би можел до 2030 година да го престигне Јоханесбург по вкупно богатство.

Извор: Nezavisne

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни