Ова се единствените земји во Европа каде што стапката на сиромаштија е зголемена: Најлошо е кај младите луѓе

Вкупната стапка на сиромаштија во ЕУ сега е 17,4%, што значи дека двајца од десет луѓе имаат проблеми со врзувањето крај со крај.

Стапките на сиромаштија низ цела Европа опаѓаат, но не насекаде.

Франција е една од европските земји каде што во изминатата деценија, нивото на сиромаштија е зголемено.

Според најновите податоци од Евростат, Париз пријави зголемување од речиси 2 проценти во споредба со 2014 година кога станува збор за оние кои „се мачат“ или „едвај врзуваат крај со крај“.

Покрај Франција, стапката на сиромаштија во последните 10 години е зголемена само во северна Европа – Данска (+2,4%), Финска (2%), Шведска (2,8%), како и Норвешка (+4,7%).

Кои земји најмногу ја намалија стапката на сиромаштија?

Во исто време, многу земји во Источна и Југоисточна Европа ги намалија стапките на сиромаштија, при што Кипар е водечки (-38%), по што следуваат Хрватска (34,6%), Унгарија (26,8%), Бугарија (26,5%) и Романија (21,8%).

Вкупната стапка на сиромаштија во ЕУ сега е 17,4%, што значи дека двајца од десет луѓе имаат проблеми со врзувањето крај со крај.

Сепак, тоа е подобрување во однос на 2023 година кога стапката беше 19,1%.

Од друга страна, во некои земји бројките се значително повисоки. На пример, во Грција стапката на сиромаштија е речиси 67 проценти, највисока во Европа.

Кога се гледа возраста, помладите генерации најмногу страдаат. Стапката на сиромаштија кај лицата под 18 години е 20,6 проценти, а во групата над 65 години, стапката е 14,9 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни