Во најновото глобално истражување спроведено од американското списание „Ју-Ес њуз енд ворлд рипорт“, Грција ја освои ласкавата титула најубава земја во светот за 2025 година. Признаена по својата неверојатна комбинација од историско богатство, волшебна природа и силен културен идентитет, оваа медитеранска земја повторно го освои првото место на листата на најубави дестинации на планетата.
Иако е на 26-то место на листата на најдобри земји, кога станува збор за убавината на пејзажот, наследството и искуствата што ги нуди, Грција е ненадминлива. Наградата не е изненадување за многу туристи од Македонија, кои со години ја избираат како свое омилено место за одмор. Но, рангирањето не се базираше само на туризмот, туку и на широк спектар на критериуми.
Во областа на „културното наследство“, Грција доби максимален број поени и ја предводи глобалната листа во таа категорија. Исто така, е оценета над просекот во однос на можностите за авантура (96,1 поен и трето место), додека е добро рангирана и кога станува збор за културно влијание (13-то место), придонес во општеството (23-то место) и квалитет на живот (29-то место).
Ваквите признанија го прикажуваат сè што ја прави Грција посебна, од расфрланиот архипелаг и прекрасните плажи, до археолошките наоѓалишта, автентичната кујна и гостопримството што никогаш не престанува да ги воодушевува посетителите. Нејзината силна врска со историјата и митологијата, како и нејзината отвореност кон современите трендови, ја прават дестинација што инспирира личен развој, истражување и образование.
Грција, на тој начин, одржува водечка позиција кога станува збор за културна разновидност, географска привлечност и емоционална привлечност за патниците од целиот свет. Веднаш по неа следат Нов Зеланд и Италија, кои го освоија второто и третото место.
Погледнете кои други земји влегоа во топ 25 најубави земји за 2025 година:
Грција
Нов Зеланд
Италија
Швајцарија
Шпанија
Тајланд
Норвешка
Исланд
Австралија
Австрија
Ирска
Бразил
Португалија
Шведска
Турција
Египет
Финска
Канада
Мексико
Франција
Холандија
Перу
Јапонија
Костарика
Данска