Ова се 11-те најголеми куќи во светот: Големи имоти, многу соби, а еве која земја има најмногу

Најголемите куќи во светот се згради кои покрај својот величенствен изглед се издвојуваат и по големината, ширината и внатрешноста која има неколку десетици соби.

Некои од нив биле станбени вили и палати, како што е познатата Версајска палата, но во текот на нивната историја го изгубиле тој статус и останале во сопственост на земјите во кои се наоѓаат.

Луѓето кои можеа да си дозволат да живеат во такви згради беа оние кои беа синоним за моќ и богатство. Станува збор за: индиски махараџи, претседатели на републики, кралеви и кралици, султани итн.

Нивната титула, статус и улога бараше тоа да биде во склад со нивната важност, но и со парите. Претежно онаму каде што постоеле и сè уште постојат апсолутни монархии, очекуваме тие да бидат најголеми, но една зграда се издвојува бидејќи нејзиниот домаќин не е апсолутен монарх. Тоа е палатата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која гордо го зазема второто место по големина, пишува списанието „АД“.

Врз основа на прегледот, Индија е земја која се издвојува со најголем број на најголеми куќи во светот, така што во бројката од десет, зазема дури три.

Од ренесансните палати (замокот Квиринал), до модерните облакодери (кулата Антилија), ова се 11-те најголеми куќи во светот:

  1. Сафра Вила (Сао Паоло, Бразил)
  2. Имотот во Балтимор (Ешвил, САД)
  3. Антилија (Мумбаи, Индија)
  4. Замокот Версај (Версај, Франција)
  5. Бакингемската палата (Лондон, Обединетото Кралство)
  6. Палатата Умајд Баван (Џодпур, Индија)
  7. Замокот Квиринал (Рим, Италија)
  8. Апостолска палата (Ватикан)
  9. Истана Нурул Иман (Бандар Сери Бегаван, Брунеи Дарусалам)
  10. Ак Сареј (Анкара, Турција)
  11. Палата Лакшми (Вадодара, Индија)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни