Ова кученце не го сака дождот, па сопственикот дошол до генијална идеја

Минион е 10-годишна мешавина од чивава-дакел кој не сака дожд или шетање по кал, па неговиот сопственик дошол до генијална идеја која ги насмеала луѓето до солзи. Сопственикот му направил мал чадор со рачка што кучето може да го држи во устата додека оди. Судејќи по видеото, на Минион многу му се допадна овој додаток кој одењето на дожд го направи многу позабавно.

Видеото е прегледано повеќе од милион пати и собра повеќе од 145.000 лајкови и бројни коментари.

„Ова е најдобриот чадор досега! Преслатко”, „Мислам дека знае за што служи чадорот, паметно куче” и „Ова е навистина одлична идеја” се само дел од коментарите.

Извор:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни